КУМАНОВО

Вечер посветена на Трајко Прокопиев

04.11.2019 12:55

Центарот за култура ,,Трајко Прокопиев” во вторник на 6 ноември организира хорска манифестација во чест на својот патрон, насловена ,,Вечер со музиката на Трајко Прокопиев”.

Хорски композиции од творештвото на познатиот македонски композитор ќе изведат  хорот на наставници ,,Рацин” од основното училиште ,,Кочо Рацин” од Куманово и хоровите ,,Кочо Рацин” и ,,Света Злата Мегленска “ од Скопје. Манифестацијата ќе се одржи во малата сала на домот на културата со почеток во 20 часот.