СТОПАНСКА КОМОРА

,,Можен е пад на нарачките за автомобилски делови за 3-5%“

04.11.2019 18:02

Рецесијата и забавувањето на светската автомобилска индустрија ќе имаат влијание врз домашните фабрики што испорачуваат делови, состави и компоненти за странски глобални компании.

Од Асоцијацијата на странски компании со напредни технологии што работат во слободните зони,  очекуваат намалувањето на испораките да изнесува од 3 до 5%, зависно од нарачателот. Засега не се очекува ова да влијае врз платите на вработените во македонските компании што испорачуваат автомобилски делови.

двтон Виктор Мизо-претседател на Асоцијација на странски компании во слободните зони

,, Ова како бројка јас би рекол би влијаело некаде 3 до 5 %,зависно од миксот ,зависно за кои крајни компании ние работиме.Некои компании се повеќе, а некои помалку афектирани , некои специфични модели на возила се продаваат подобро од други,  така што не може точно да се каже како која компанија ќе биде погодена.Немојте да сватите дека ова значи дека некој ќе почне да отпушта вработени овде кај нас.“

Тоа значи дека некоја од нашите компании може да има намалена побарувачка за нејзините производи  и  практично ќе значи  и намалување на извозот за одреден процент, вели Мизо.

двтон Боријан Борозан –заменик претседател на Асоцијацијата на странски компании во слободните зони

,,Не би очекувал да имаме некоја драстична криза во овој момент. Не очекувам толку драстичен пад како 2007 и 2008-ма,но наредните две години ќе бидат прилично интересни.“

Освен рационализацијата на трошоците треба да се размислува и за зголемување на локалната конкурентност на компаниите и во тоа може и Владата да помогне,а ние со носење нови технологии да работиме на зголемување на нашата продуктивност, вели Мизо.За предлозите на автомобилскиот кластер со Владата  ќе се разговара за  две недели .Во оваа индустриска гранка  егзистираат околу 30 компании, вработуваат  над 25 илјади извршители и генерираат  околу 50% од  вкупниот извоз на земјава.

Свето Николовски