НИЕ СМЕ ТОА ШТО ГО ЈАДЕМЕ - ИЗБОРОТ Е НАШ
Благородната професија на којашто максимално ѝ се посветени воспитувачите од детската градинка „Астибо“, а тоа е грижата за правилен психофизички, социоемоционален , со еден збор севкупен развој на децата од најрана возраст, е преточена во содржината на публикацијата.

Во детската градинка „Астибо“ од Штип, неколку години се реализираат активности „ Базар за правилна исхрана“, во соработка со родителите.
Настанот се реализира по повод денот на храната и пораката што се испраќа е дека секој човек има право на храна.
Со следење на развојот на децата во континуитет и со споредување на добиените резултати, произлегоа многу сознанија што говорат дека се зголемува бројот на деца со зголемена телесна тежина, се зголемува бројот на деца со намалени моторички вештини, но и бројот на деца со тешкотии во говорот. Како главна причина за промените се наведуваат менувањето на начинот на живот во семејството и навиките за исхрана. Добиените резултатите поттикнаа на размислување како да им се помогне на родителите да ги променат навиките кон правилен начин на живот.
Со желба да им се посочи на родителите како заедно со децата да стекнат навики за правилна исхрана, вработените од градинката „Астибо“ од Штип ја издадоа публикацијата „Ние сме тоа што го јадеме – изборот е наш“ .
Секој што ќе има можност да ја разгледа оваа публикација, ќе се запознае со активностите кои вработените и децата од детската градинка „Астибо“ , секојдневно ги практикуваат со цел да се стекнат навики за правилна исхрана кај децата од најрана возраст, начин на консумирање на храната, количините потребни во секојдневната исхрана и други насоки и информации важни за родителите. Благородната професија на којашто максимално ѝ се посветени воспитувачите од детската градинка „Астибо“, а тоа е грижата за правилен психофизички, социоемоционален , со еден збор севкупен развој на децата од најрана возраст, е преточена во содржината на публикацијата. Воспитувачите се столбот на соработка во креирање, поттикнување на активностите и активно вклучување на родителите во реализација на сите проекти и проектни задачи.
Подготви
Радмила Гиевска
