СУБВЕНЦИИ

Субвенции во туристизмот

05.11.2019 09:43

Измените на правилниците за субвенции во туристички промет или нивно дополнување се само мала корекција која нема да даде бенефит ниту на краток, а уште помалку на долг рок, порачуваат од Стопанската комора за туризам на Македонија.

Велат  во туризмот во Македонија потребна е  здрава, недвосмислена и силна законска регулатива со посебен надзор над спроведувањето.

Кога се зборува за субвенционирањето како мерка ЗА компаниите од одредена дејност  треба да  се знае дека тоа е вид на финансиска помош од државата која не може да трае долго. Во случајот со доделување на субвенциите за туристичките агенции при организирање на странски туристички промет како модел треба да се каже дека првично дава свои резултати, но предолго е во употреба без ограничување. Туризмот е флексибилна дејност посебно во освојување  странските пазари со менлив карактер кој се води од желбите на потрошувачите,  корисниците на услугите во туризмот  односно  туристите. Така се менуваат и пазарите на освојување. Оттаму  субвенциите треба да им помогнат пред сѐ на домашните компании да излезат и освојат нов пазар, а не да останат десет години на исти пазари со исти субвенционирани суми кај што најголем дел од средствата ќе ги добијат странските туроператори. Од Стопанската комора  и со став - Многу малку се прават анализи во институциите во Македонија, кој туристички пазар глобално ќе биде во фокусот  следните 10 години, за да се насочат средставата и помошта на домашните туропертори кон нивно освојување“Светската туристичка организација излезе со податоци од анализи дека  следните 20 години најголемо иницијативно продрачје како пазар од каде ќе се патува е Кина. Кај нас во тој дел нема апсолутно никакво поместување во подобрување или решавање на проблемот со визната бариера.

Ќе се менува моделот за субвенции во туризмот.  На крајот на годината истекува постојниот модел на субвенционирање и тој, според носителите на дејноста, ги дал своите ефекти. Поради тоа, како што најавија минатата недела од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во наредниот период заедно со туристичките асоцијации и здруженија ќе дефинираат промени со кои би се обезбедила одржливост и поголем девизен прилив, кој лани изнесувал 385 милиони долари, а во првата половина од годинава 153.87 милиони долари. Проценките се дека туристичките потенцијали можат да обезбедат девизен прилив од од 700 милиони до 800 милиони евра. Фокусот треба да се стави на развивање алтернативен туризам во тек на целата година, пакети со по три – четири дена, но и да се донесе нова стратегија со насоки за промените што ги бараат туристите.Заклучно со крајот на минатата година во државава се регистрирани милион туристи со над три милијарди ноќевања.