Простории за целодневен престој на деца
Во Струмица отворени нови простории на Центарот за дневен престој на деца од шест до десет години. Со што се олеснува секојдневието на родителите, а децата го добиваат соодветниот образовен процес.

...„По позитивното искуство од минатата година со отворањето на една група за целодневен престој на околу 50 деца во Клон 2 на градинката „Детска радост“ што ни беше пробен проект и зголемениот интерес на родителите од ваков вид згрижување на нивните деца, во функција ставивме и нови простории за целодневен престој на деца од шест до 10 години“, изјави градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.
Во адаптираните простории во објектот на поранешното Средно училиште „Јахја Кемал“, а сега Клон 5 на градинката „Детска радост“ ќе престојуваат околу 120 деца во три групи.
Анита Никушева - Јованчев
