Фитосанитарна соработка со Албанија
Нашата земја и соседна Албанија ќе ја унапредуваат трговската размена со земјоделски производи и храна и ќе ја зголемат соработка во овој сектор.

Ќе се работи на взаемно признавање на фитосанитарната контроли од овластените лаборатории, а заеднички ќе се врши и заштита на рибниот фонд во Охридско и Преспанско езеро.
Проблеми нема во протокот на пратките од растително потекло којшто се одвива според утврдената постапка, а за негово проширување двете држави ќе вршат и размена на регулативата.
Ќе направат увид и усогласување на листи на штетни организми, растенија и растителни производи. Ќе се работи на взаемно признавање на лабораториските анализи од акредитирани или овластени фитосанитарни лаборатории и усогласување на фито-контролите на готовите производи.
За да се намали ризикот и предизвикување на штети во земјоделското производство и трговијата двете соседни држави се согласни дека има потреба од изработка на соодветни итни мерки кои ќе се активираат во случаи на откривање на карантински штетни организми.
Заедничките активности ќе се зајакнуваат и прошируваат и во областа на заштитата на живиот свет во Охридското и во Преспанското езеро со системска контрола во менаџирањето со рибниот фонд .
