ПИОМ
Советдавни денови за пензиското осигурување
05.11.2019 11:29
Германското пензиско осигурување организира советодавни денови во Македонија.

Во рамки на индивидуални разговори заинтересираните лица ќе ги добијат сите информации во врска со германското и македонското пензиско право.
Денеска, во Скопје советите ќе може да се добијат во просториите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Скопје,а на 6 Ноември во Струмица.
Учесници се претставници од Германското пензиско осигурување , пензиското осигурување на Јужна Баварија и пензиското и инвалидско осигурување на Македонија
