ГОЛЕМА АКЦИЈА „ДАЈ, НЕ ФРЛАЈ“ Недела, 10 ноември 2019
Имаш алишта, обувки, ташни, кујнски предмети и други мали предмети кои што што веќе не ги користиш?
Подари ги и стопли нечие срце!БИДИ ХЕРОЈ!

Во недела на 10ти ноември во просториите на Ликовниот Салон во Велес, како дел од Крводарителската Акција, Мото Клуб Cross Bearers - Велес организира масовна ДАЈ, НЕ ФРЛАЈ акција.
Доколку имаш работи кои со години стојат неискористени и се мислиш каде да ги сместиш, сега е вистинскиот момент кога за тебе едно незначајно парче облека можеби ќе згрее нечие срце оваа зима!
Добредојдени се сите оние на кои им се потребни алишта, обувки и други предмети, кои што ќе бидат изложени во Ликовниот Салон на посебно место и од кои што ќе можете да земете што ви е потребно.
Во просториите на Ликовниот Салон ќе може да се разменуваат САМО мали предмети.
РАБОТИ ШТО НЕ ТРЕБА ДА ГИ НОСИТЕ ЗА ПОДАРУВАЊЕ:
- Големи делови од мебел (кауч, плакар, кревети)
- Машина за перење
- Печка/ќумбе
- Ќилими
- Домашни миленици и други животни
Предметите кои нема да бидат земени ќе бидат донирани во Црвен Крст.
___________________________________________________
ДОПОЛНИТЕЛНО: Како дел од хуманитарните акции ќе биде поставена кутија за ДОНАЦИИ ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ.
Донирај за езерото наше!
___________________________________________________
Во истиот временски период во просториите на Ликовниот салон ќе може да им се придружите на моторџиите од Cross Bearers во Крводарителска Акција и допринесете за спасување на нечиј живот! #бидихерој
___________________________________________________
Поддржано од:
- Општина Велес
- Црвен Крст Велес
- Дај, не фрлај - Велес
