Културен форум за подобра културната сцена во Kрива Паланка
Развојот на културата во општина Крива Паланка и подобрување на културната програма и културните содржини за задоволување на потребите на граѓаните е темата на вториот културен форум, кој ќе се одржи на 7 ноември во салата на Советот на општина Крива Паланка.

Претставници од општина Крива Паланка, во чија надлежност е областа на културата преку одделението за локален економски развој, културните установи,, граѓанските организации, интересни и неформални групи, уметници, креативци, љубители на уметноста и граѓаните ќе дискутираат за подобрувањето на културната сцена во Крива Паланка. Целта е да се даде придонес во идентификувањето и дефинирањето на стратешките приоритети и цели за унапредување на културата во Крива Паланка, но и да се креира листа со предлози за нови, атрактивни и креативни културни проекти, со можност за реализирање во наредниот период.
