УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Отворање на културната сезона во Корчагин

06.11.2019 09:43

Отворањето на настанот беше со настапот на Basement Cult, а по нив следеа, Volt и Alter Ego, за кои со гордост кажуваат дека меѓу другите членови, има и двајца нивни соученици.

Корчагинскиот бенд настапуваше под името Парафраза, а по нив следеше триото Young Dadi x MyLaw x Varadon, млади неафирмирани артисти кои изведуваа авторски песни

Кариерниот Центар при СУГС Гиманзија „Раде  Јовчевски- Корчагин“, претставува склоп на млади ентузијасти и креативци, кои нивните таленти ги претопуваат органзирајќи јавни настани на кои можат да присуствуваат сите заинтересирани средношколци.

Тие во гимназијата Корчагин го одржаа првиот музички настан, „свирката“ АРХЕ. Настапија бендови од различни средни училишта и го означија почетокот на културната сезона во Корчагин.

За да се долови уникатната корчагинска атмосфера беа повикани 6 самостојни младински бендови меѓу кои и талентирани Корчагинци со свој бенд.

Отворањето на настанот беше во 20:30 со настапот на Basement Cult, а по нив следеа, Volt и Alter Ego, за кои со гордост кажуваат дека меѓу другите членови, има и двајца нивни соученици. Корчагинскиот бенд настапуваше под името Парафраза, а по нив следеше триото Young Dadi x MyLaw x Varadon, млади неафирмирани артисти кои изведуваа авторски песни. Настанот го затвори бендот Crossover, во чиј состав влегува уште еден наш талентиран музичар.

Со оваа „свирка“, Корчагин достигна рекордна посетеност од над 700 посетители.  Уште еднаш се покажа умешноста на Корчагинци да созадат вистинска магија во Свечената сала, а тие во духот на својот патрон ја користат секоја укажана можност да уриваат стари и да создаваат нови рекорди со она што најдобро знаат да го прават.

 

Подготви

Радмила Гиевска