СКОПЈЕ

Реконструирани улиците „Бихаќка“ и „Црниче“

06.11.2019 09:40

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улицата „Бихаќка“ и на улицата „Црниче“, меѓу општините Центар и Кисела Вода.

Оштетениот коловоз е обновен  на должина од 810 метри, на потегот од раскрсницата кај подвозникот, се до улицата Востаничка.

Во текот на реконструкцијата беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беше нанесен  нов асфалтен слој и беше обележана хоризонталната сигнализација. Исто така, се реконструирани и дел од оштетените тротоари на овој потег за да се овозможи непречено движење на пешаците, информираат од Град Скопје.

За реконструкцијата на овие улици градот  потроши околу 9 милиони денари.

 

Анита Никушева-Јованчев