Во градинката во Миравци почна со работа групата јасли
За прв пат, во детската градинка во Миравци, која својата дејност ја извршува во состав на централната градинка „Детска радост“ од Гевгелија денеска почна со работа групата јасли за дечиња на возраст од осум до 24 месеци која овозможува грижа за најмалите деца од Миравци и околните населени места.

Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков посочи дека групата веќе ја посетуваат 10 деца со најави за приклучување и на други деца и дека со овој зафат им е излезено во пресрет на барањата од родителите со кои претходно остварил средба
Просторот наменет за згрижување на децата од јаслената група во градинката во Миравци беше реновиран и адаптиран согласно законските прописи и важечките правилници за оваа намена. Од општина Гевгелија најавија дека наскоро јасли ќе бидат отворени и во детската градинка во село Негорци.
