НАГРАДА

Награда за наш уметник во Италија

06.11.2019 12:35

Во Торино, Италија, во тек е самостојна изложба „Форми во црно“ на авторот Мице Јанкуловски.

Инаку,на церемонијата што се оддржа на затворањето на уметничкото биенале во Фиренца,кон крајот на минатиот месец,на македонскиот  уметник му беше врачена наградата „Лоренцо Мањифико“ за животно оставарување.

Тема на ова биенале беше одбележувањето на 300 години од смртта на Леонардо да Винчи.

Јанкуловски наградата ја доби за импозантното дело „Круговите на Леонардо“.