ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ: 70 години ТАНЕЦ - "Там дека има високи чардаци"
Ансамблот „Танец“ веќе седум децении е симбол на македонската култура и уметност, седум децении е амбасадор на македонското музичко-сценско фолклорно творештво и седум децении е подвижен музеј на нашата духовна култура на секаде низ светот.

Формиран е на 24 март 1949 година со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство – ората, песните, инструментите, обичаите и носиите, и музичко-сценски соодветно да ги претставува во земјата и надвор од неа.
Со именувањето на првиот директор Емануел Мане Чучков, началникот на музичкиот оддел Живко Фирфов и раководителот на играорниот кор РафеЖивковски, веќе првата година од дејствувањето на ансамблот била година исполнета со многубројни активности, селекции, аудиции, патувања ни зземјата заради пополнување на неговите редови и собирање на автентични народни носии, но и година на поставување на основната програмско-репертоарска концепција. Оттогаш,панаваму сè е веќе историја.70 блескави години проткаени со илјадници концерти, антологиски кореографски поставки, недобројни успеси, милионски аудиториуми и бројни награди.
„Танец“ е македонскиот бит, но и македонската должност кон него. „Танец“се сите генерации врвни ороводци и солисти, играорци, песнопојци, инструменталисти и раководители. Сите тие, веќе 70 години посветено се грижат за народните игри и песни, обичаи и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го преточуваат македонскиот бит пред светот. „Танец“ е нашиот бренд. Тој ја освојува публиката каде и да настапи, ја освојува со својата професионалност, со високиот уметнички впечаток, со органската убавина на нашето наследство.
За квалитетот и уметничката вредност на „Танец“ говорат и сите громогласни аплаузи од публиката, сите позитивни одгласи од критиката и големиот број стручни и општествени награди, дипломи и признанија, меѓу кои и престижните награди „11 Октомври”, „Климент Охридски” и „13 Ноември”.
Во оваа јубилејна година, „Танец“ се претстави на многубројни сцени, дома и надвор, а специјално за публиката на „Есенските музички свечености“подготви атрактивна програма со прекрасни песни од македонската градската фолклорна традиција. Ќе настапи целиот вокално-инструментален ансамбл и неговите бројни солисти, кои филигрански ќе ги исполнат песнопојните бисери од нашата богата народна ризница.
ПРОГРАМА:
„Везилка“
Оркестарско оро
Музика и aранжман: Милан Завков
„Променила се Пандора, девојка“
Народна песна
Музичка обработка: Милан Завков
Исполнува: Габриела Новевска
„Море, три години Стамбол го шетав“
Народна песна
Аранжман: Бајса Арифовска
Исполнува: Далибор Ѓошиќ
„Мори моме, малој моме“
Народна песна
Исполнува: Драган Николовски
„Врати ми се мило либе“
Музика: Ѓорѓи Димчевски
Аранжман: Дарко Илиевски
Исполнува: Елена Андоновска
„Војната тригодишна“
Народна песна
Аранжман: Дарко Илиевски
Исполнува: Кирил Митоски
„Там дека има високи чардаци“
Народна песна
Аранжман: Милан Завков
Исполнува: Сузана Спасовска
„Мома седи на чардакот“
Народна песна
Аранжман: Бајса Арифовска
Исполнува: Женската вокална група на „Танец“
„Сум се родил мераклија“
Музика и текст:ДобреСтавревски
Аранжман: Сашо Ливрински
Исполнува: Машката вокална група на „Танец“
„Девојче, девојче“
Народна песна
Исполнува: Хорот и оркестарот на „Танец“
„Доста, доста, лично, ле, Стојне“
Народна песна
Аранжман: Бајса Арифовска
Исполнуваат: Елена Андоновска и Кирил Митоски
„Јас те пратив на вода, Калино“
Народна песна
Аранжман: Бајса Арифовска
Исполнуваат: Гоце Цоневски и Петар Механџиски
„Мариче, ле, лично девојче“
Народна песна
Аранжман: Дарко Илиевски
Исполнуваат: Јана Ивановска-Илиоска и Кирил Спасеновски
„Ајде, ајде моме Стојне“
Народна песна
Аранжман: Милан Завков
Исполнуваат: Габриела Новевска и Ристо Новевски
„Три години јас те чекав“
Народна песна
Музика и аранжман: Кочо Петровски
Текст: Јонче Христовски
Исполнуваат: Сузана Спасовска и Далибор Ѓошиќ
„Софкино оро“
Оркестарско оро
Аранжман: Бајса Арифовска
Исполнува: Оркестарот на „Танец“
