ПЕПЕЛАШКА

„Пепелашка“ - детско играна претстава

05.11.2019 11:37

На 9 ноември во Театарот за деца и младинци детско играната претстава „Пепелашка“. Тоа е претстава за двајца млади, но, зрели сонувачи кои успеваат да истраат во потрагата по љубовта.

Убавата, но несреќна Пепелашка се чуди на потребата за богатство на нејзините полусестри и маќеата. Таа мечтае по вистинскиот. Принцот, кој има се’, но ја нема онаа вистинската покрај себе, сака сам да ја најде својата сродна душа и не престанува да ја бара вистинската љубов, Маќеата која врие од злоба, двете полусестри кои луто се караат која е поубава, кралот кој сака само да го жени принцот, расеаната, добра и весела самовила, трапавите симпатични животни и еден слуга кој прави глупост само што ќе мрдне со малото прсте влетуваат во еден брз сплет на смешни, стрмоглави, неизвесни и среќни случки. Па така како што само животот знае да ги намести нештата, вербата на Пепелашка и Принцот и луѓето околу нив, ги носат сите на едно место во исто време.

Надежта дека љубовта доаѓа, вербата која секој ден ја чека среќата, тоа се победниците во оваа „Пепелашка“.

Режија: Деан Дамјановски

Автор: Шарл Перо и Браќата Грим

Драмски автор и драматург Горјан Милошевски

Играат:
Наташа Петровиќ

Ненад Митевски

Катарина Илиевска Силјановска

Емра Куртишова

Симона Спировска

Бојан Кирковски

Марија Ѓорѓијовска

Мики Анчевски

Драган Довлев

Мартин Јорданоски

Ана Левајковиќ Бошков