Есенски музички свечености Концерт на Карол Раѓивонович - пијано, Полска
Карол Раџивонович – пијанист, образован во Полска и САД со долгогодишно искуство, со мноштво настапи во разни музички центри низ Европа, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија.

Откако дипломирал на Националната музичка Академија Фредерик Шопен во Варшава со највисока оценка, Раџивонович се здобил со бројни награди и признанија на значајни натпревари, вклучувајќи го и натпреварот за американската стипендија „Fulbright“, кој подоцна му овозможил да ги усоврши неговите вештини под менторство на Џорџ Себок на Универзитетот Индијана во Блумингтон.
Раџивонович соработувал со многу добро познати симфониски оркестри, како и со истакнати диригенти како што се Казимиерц Корд, Јан Кренц, Јерзи Максимиук, Антони Вит, Николаи Алексиејев. Учествувал во многубројни познати интернационални фестивали.
Еден од највисоките постигнувања на Раџивонович бил неговиот перформанс во Карнеги Хол во Њу Јорк, каде што ја извел Пијано Фантазија на Падеревски заедно со „Sinfonia Varsovia“ по повод 60 години од смртта на Ј. Падеревски.
Повеќе пати ги има изведено рециталите на Шопен и други полски музички рецитали во театарот „Hermitage“ во Санкт Петерсбург, и во Концертната сала во Московскиот конзерваториум. Неговиот концерт со „Philharmonie Baden - Baden“ ја отворила Годината на Шопен во 2010г. во Белгија. Исто така, во неговите настапи се вбројува и циклусот на полски музички рецитали во Тел Авив и Јерозолиме, Израел.
Пијанистот е исто така вклучен во педагошка активност – поканет од разни универзитети да води мастер часови дома и во странство. Тој е член на жири на многу меѓународни натпревари по пијано. Бил основач, а многу години и претседател на жирито на натпреварот за млади пијанисти „Chopin Golden Ring“ во Словенија. Ги предава часовите по пијано во музичкото училиште на З. Брзевски за младите кои се надарени, и на Универзитетот за музика Фридерик Шопен во Варшава.
Во однос на неговата педагошка активност, пијанистот бил избран за претседател на полската гранка на “EPTA” (Асоцијација за професори по пијано во Европа).
ПРОГРАМА:
Фредерик Шопен
Ноктурно во b мол; оп. 9, бр. 1
Фантазија – импромпти во cis мол; оп. 66
Игнациј Падеревски
Ноктурно во B дур; оп. 16, бр. 4
Менует „l’Antique“; оп. 14, бр. 1
Фредерик Шопен
Валс во cis мол; оп. 64, бр. 2
Валс во а мол; оп. 34, бр. 2
Игнациј Падеревски
„Краковска“ фантазија оп. 14, бр. 6
Мазурка во a мол; оп. 9, бр. 2
Полонеза во H дур; оп. 9, бр. 6
*****
Фредерик Шопен
Прелудиум во A дур; оп. 28, бр. 7
Етида во c мол; оп. 10, бр. 12
Ноктурно во Es дур; оп. 9, бр. 2
Полонеза во A дур; оп. 40, бр. 1
Валс во Des дур; оп. 63, бр. 1
„Kołysanka“ во Des дур; оп. 57
Етида во Е дур; оп. 10, бр. 3
Балада во g мол; оп. 23
