„Грдото пајче“ - детско-играна претстава во Театарот за деца и младинци
На 7 ноември во театарот за деца и младинци уште една лектира за основно образование, овојпат за најмладите. Познатата бајка на Ханс Кристијан Андерсен, во драматизација и режија на Дејан Дамјановски ја лансираше во насловната улога Емра Куртишова, која е дел од младите актерски сили на овој театар. Таа во полн сјај го изигра грдото пајче, а потоа покаже дека може да блесне и во улогата на прекрасен лебед.

Бебето лебед, по грешка испилено во гнездото на една пајка ја запознава суровоста на светот во кој е роден. Поради разликите во изгледот го добива прекарот Грдо Пајче. Не може да ги прифати подбивањата на најблиските и агресијата на останатите и почнува да талка по светот, барајќи го своето јато. Како и секоја бајка и оваа има наравоучение и среќен крај. Грдото пајче на крај сепак ќе се претвори во прекрасен лебед.
Автор: Х.К. Андерсен
Драматизација и Режија: Деан Дамјановски
ИГРААТ:
Емра Куртишова
Марија Ѓорѓијовска
Изабела Новотни
Тања Кочовска
Мики Анчевски
Бојан Кирковски
Мартин Јорданоски
Ненад Митевски
Сценографија. Кирил Василев
Костими: Елена Дончева
Музика: Љупчо Мирковски
Кореографија: Сања Шутевска
