,,Социјалците нема да се исклучуваат од струја, ако се пријават во ЕВН-Хоум“
,,Прес Регулаторна за ранливите потрошувачи

Ниту еден потрошувач што добива социјална помош и влегува во ранливата категорија на потрошувачи нема да биде исклучен од електричната мрежа во месеците декември, јануари и февруари , доколку претходно е регистиран во системот на ,,Евн-хоум“. Досега ниту еден потрошувач од оваа категорија не се пријавил кај снабдувачот, иако нивниот број се проценува меѓу 20 и 30 илјади, велат од Регулаторна комисија за енергетика . Според мрежните правила тие исто така, ќе можат и да го плаќаат заостанатиот долг за потрошена струја на повеќе рати.
двтон Марко Бислимоски-претседател на Регулаторна комисија за енергетика
,, За да можат да ги користат овие придобивки ги повикувам сите корисници на социјална помош да отидат кај универзалниот снабдувач и да поднесат барање и да покажат сметка за електрична енергија за да се заведе во системот од аспект на мерно место ,за да системски и софтверски се реши тој проблем. И доколку имаат долг ,,ЕВН-Хоум“ е обврзан долгот да им го подели на повеќе рати ,со цел навреме да ги покријат своите трошоци за електирчна енергија.“
Коментирајќи ги реакциите на некои потрошувачи приклучени на топлификацискиот систем Бислимоски со појаснување дека според правилникот во случај на очекувана просечна дневна температура под 12 степени Регулаторна дава налог за вклучување на топланите меѓу 1 и 15 октомври и од 15 до 30 април.Мрежните правила предвидуваат вклучување на топланите во грејната сезона доколку во 7 часот надворешната температура е пониска од 10°C ,односно во 18 часот е под 15°C, вели Бислимоски .Слични на нашите се и правилата во регионот,односно во Белград,Нови сад, Загреб. Доколку има намалени трошоци тогаш тоа ќе се вгради преку намалување на корективните сметки по завршувањето на грејната сезона, односно во цената што ќе важи за наредната година.
Свето Николовски
