Голема акција во комплекс клиники „Мајка Тереза“
Екипи на Град Скопје во текот на изминатиот викенд спроведоа голема акција за чистење и уредување на зелените површини, улиците и пристапните патеки во Комплекс клиники „Мајка Тереза“

Во текот на акцијата работниците извршија кроење на крошните на дрвјата, отстранувајќи ги старите, заболени и исушени гранки, коишто ги нагрдуваат дрвјата, а претставуваат и потинцијална опасност за минувачите, а исекоја и неколку исучени стари дрвја.
Во текот на акцијата работниците ги метеа и миеја улиците, местата каде што се поставени клупите за седење за одмор на пациените и посетителите, ги чистеа зелените површини од паднатите лисја, сувата трева и паднатите гранки, а потоа извршија и косење на тревата.
На терен работеа екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ и на ЈП "Комунална хигиена" со над 50 вработени, а беа вклучени и повеќе специјални возила на јавните претпријатија, како што се: возило со платформа за сечењеи кастрење на дрвја, цистерна возило за миење на улиците, неколку возила за собирање гранки,суви лисја и трева, како и неколку мали возила Пијаџа за собирање комунален отпад.
Иако за одржувањето на овој простор е надлежен самиот Клинички центар, Градот Скопје како и многу пати до сега, ќе продолжи да спроведува вакви акции излегувајќи им во пресрет на граѓаните, и на оваа институција за која е од виталено значење хигиената и уреденоста на просторот.