КРЕАТИВНА ЕВРОПА

Отворена презентација за програмата Медиа

07.11.2019 11:54

Канцелариите на Креативна Европа за потпрограмите Култура и Медиа, во соработка со филмскиот фестивал „Синедејс“ на 08 ноември во 12.00 часот во Младинскиот културен центар ќе одржи отворени презентации насловени „10 најчести прашања и одговори“ - поврзани со новите повици на Медиа, критериумите за аплицирање, можностите за учество на тренинзи и работилници.

„Европскиот филмски предизвик 2020” – промоција на проект поддржан од Медиа преку македонска  партнерска организација „Блинк 42/21“.
„Проекти за соработка- Креативна Европа Култура“
„Примери на добра пракса од потпрограма Култура: Кон Фронт: културно наследство,каде минатото ја среќава иднината и  where the past meets future и хорскиот проект“ “
Настанот е отворен за јавност и покрај претставници на аудиовизуелниот сектор и претставници од секторот-култура можат да улествуваат и приватните компании, фондации, општини, универзитети, студенти, невладини организации и медиуми  за да се запознаат со сите потенцијални можности за аплицирање на повиците кои се дел од програмата Креативна Европа.