ЕУ ја заострува политиката за мигрантите
Француската полиција почна евакуација на двата кампa во кои се наоѓаат меѓу 600 и 1200 мигранти во североисточниот дел на Париз.

Од Министерството за внатрешни работи предупредија дека нема да дозволат да биде загрозено населението од оние кои се населуваат крај сообраќајниците во главниот град. Според последните проценки, во Франција живеат речиси 20.000 бездомници и мигранти.
АН ХИДАЛГО • ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПАРИЗ
Улицата не е место за живеење. Тоа е опасна зона и жителите на населбите не прифаќаат јавниот простор да се претвори во ова.
Но претседателот Емануел Макрон го заострува ставот и кон мигрантските работници. Владата првпат најавува воведување на квоти во повеќе сектори.
ЕДУАРД ФИЛИПЕ • ПРЕМИЕР НА ФРАНЦИЈА
Во Европа постои нов поредок. За нас, прашањето за имиграцијата и азилот, заедно со екологијата, се приоритет за дејствувањето на европските институции во идните месеци. Наша желба е да правиме избори во однос на приемот, да воведеме квоти.
Мигрантското прашање дел и од средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта. Претходно, Анкара предупреди дека Европа ќе се соочи со нов бран од Блискиот исток доколку не преземе дел од финансискиот товар за трите милиони мигранти во Турција. Орбан се закани дека ќе употреби сила доколку карваните се пренасочат кон Стариот континент. ЕУ се подготвува да и плати на Турција милиони евра за зајакнување на крајбрежната стража поради зголемениот број мигранти кои преку неа се обидуваат да стигнат до западните земји. Во соседна Грција, камповите на егејските острови се со надминат капацитет. И покрај заострената политика на владата на Атина, обидите за илегален влез продолжуваат. Пред неколку дена во камион беше откриена група од четириесетина луѓе. Во сличен инцидент во Англија загинаа виетнамски државјани кои измрзнаа до смрт во ладилник-приколка.
