Годишнина од падот на Берлинскиот ѕид
30 години од падот на Берлинскиот ѕид, симболот на поделбата на Европа на Исток и на Запад.

Светските лидери се собраа во Германија да го прослават крајот на Студената Војна со поранешниот Советски сојуз. Генералниот секретар на НАТО истакна дека овие два историски настана ја обликуваа иднината на Европа.
Изјава Јенс Столтенберг-генерален секретар на НАТО
„Ја прославуваме 70-годишнината од НАТО и за неколку дена ќе одбележиме и 30 години од падот на Берлинскиот ѕид, што ја делеше Европа на Исток и Запад. Овде во Берлин на местото на поделба, сфаќаме колку овие два настана ја обликуваа историјата на Европа. По падот на Берлинскиот ѕид, подадовме рака на пријателство кон Централна и Источна Европа, давајќи им пат на новите демократии да се приклучат на нашето семејство на слободни земји.“
Државите од Источна Европа ја прославуваат и револуцијата за промена на комунистичкиот режим со демократија. 30 години по демократизацијата на нивните опшества, источно – европските држави се дел од НАТО и ЕУ.
Изјава Мирослав Томан- амбасадор на Чешката Република
„Ја прославуваме 101-та годишнина од создавањето на Чекословачка. Оваа година е многу важна за нас бидејќи ја прославуваме и 30-годишнината од промената на комунистичкото владеење со демократија преку таканаречената кадифена револуција. Оваа порака од минатото е за нашата иднина дека мораме да се стремиме кон демократија и мир.“
На 30-годишната на падот на Берлинскиот ѕид и создавањето на трансатлантското парнерство ушествува и американскиот државен секретар Мајк Помпео , кој е во официјална посета на Германија.
