20. „Есенски музички свечености“
Единаесет настани ќе бидат одржани на 20. Есенски музички свечености кои ги организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС)

Годинашната програмае е стилски и жанровски разновидна – од големи концерти до настапи на камерни состави. Простор им се дава, пред сѐ, на домашните музичари, исто така и на младите уметници.
На 7. Ноември во Домот на АРМ свој настап ќе има и Ансамблот на народни игри и песни Танец.Концертот е насловен Там дека има високи чардаци и е дел од одбележувањето на 70-годишнината од основањето на ансамблот.
Танец седум децении е симбол на македонската култура и уметност и е амбасадот на македонското музичко-сценско фолклорно творештво и е подвижен музеј на нашата духовна култура насекаде низ светот.
Формиран е на 24.03.1949 годинаа со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство – ората, песните, инстерументите, обичаите и носиите и музичко-сценски соодветно да ги претставува во земјата и надвот од неа.
Во оваа јубилејна година Танец се претстави на многубројни сцени, дома и надвор,а специјално за Есенските музички свеченостиподготви атрактивна програма со прекрасни песни од македонската градска фолклорна традиција. Ќе настапи целиот вокално-инструментален ансамбл и неговите бројни солисти кои филигрански че ги исполнат песнопојните бисери од нашата богата народна ризница.
