Ден на тенисот...
”Белиот спорт“ лани си доби свој ден, годинава го продолжува низот кој е со ниет да мине во традиција...

Денешниот посебен тениски ден за промоција на овој спорт ќе биде лоциран во три временски зони преку Лондон, Њујорк и Хонк Конг. Настанот ќе го одбележат егзибициони мечеви од страна на сегашни и некогашни ѕвезди.
Имено, веќе во Лондон одиграа величините од 90-тите Андреј Агаси и Пит Сампрас. По два атрактивни сета победи Агаси, ако ништо повеќе барем како чин на реванш за годините во кој меѓусебната доминација одеше на сметка на Сампрас. Од 34-те пресметки во периодот од 1989 до 2000, на 20 славел Пит, на 14 Андре. Во Лондон својата егзибиција ја чекаат и Иван Лендл и Пет Кеш.
И во Њујорк денот го одбележаа веќе актуелниот светски рекет број два Новак Ѓоковиќ и 6-тиот Енди Мареј. Во преполната ”Медисон Сквер Гарден„ резултатот според рејтингот, славата отиде на име на србинот, иако во овие мечеви резултатот е во втор план, промоцијата на прв. Супер атракција ќе се види во Њујорк и од Џон Мекинро.
Во Хонг Конг, На Ли и Саманта Стоусер ќе учествуваат во тенискиот ден на популаризација и промоција.
Светската тениска федерација планира низ активности со инволвирање и на лица со инвалидитет тениски активни.
Придонес ќе даде и најзвучното тениско тренерско име 87 годишниот Ник Болитијери, кој во 1978-та ја отвори својата популарна школа, од која и под чие раководство излегоа тениски имиња кои останаа во АТП и ВТА листата како лидери.