КОНГРЕС ЗА ПАТИШТА

,,Квалитетните патишта се клучни за економскиот развој“

07.11.2019 18:01

Патната инфраструктура е клучна за економскиот раст и развој на секоја земја, нејзината конкурентност и атрактивноста за влез на странски инвеститори.

Истовремено се обновуваат постојните патишта ,но и се градат нови  со примена на најнови технологии  на градење.За сето тоа се потребни вложувања во создавање  соодветен стручен кадар што ќе одговори на сите предизвици на новото време се пораките на Првиот македонски конгрес за патишта. Од тековната  програма  за инвестиции ,  изградба и обнова на патната мрежа во земјава  досега се завршени работите на 750 километри во вредност од половина милијарда евра, а се работи на изградба и обнова на 400 километри изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во обраќањето на конгресот  што се одржува во Скопје.

 Двтон Горан Сугарески-министер за транспорт и врски

,,Ја започнавме историски најголемата инвестициска програма за изградба и рехабилитација на целокупната патна мрежа во земјава вредна преку една милијарда евра.Истовремено се работи во сите делови на земјава.Притоа да бидат ангажирани речиси сите домашни градежни компании,практично целата механизација.Верувам дека е успех и дополнителен стимул за оставрување на зацртаните цели.“

Сите лидери  од регионот се залагаат за поврзување и укинување на бариерите и намалување на времето на чекање на граничните премини ,но ништо не е возможно без добра патна инфраструктура ,порача во обраќањето  премиерот Зоран Заев. Според него на конгресот  ќе можат да се добијат  сознанија за новите методи и техники за унапредување на проектирањето, градбата и надзорот  при  изведба на модерна патна инфраструктура. 

 Двтон Зоран Китанов-директор на  ЈП за државни патишта

,,Изградбата на нови патишта иницира развој бидеејќи бара нови вработувања ,обрт на капиталот  и на крајот овозможува подобар  живот .Со еден збор развиеноста и квалитативната состојба на патната инфраструктура се клучни фактори кои пресудно влијаат на економскиот развој и компетитивноста на економијата на секоја земја.“

На конгресот  учествуваат  експерти од 15 земји и ќе  се презентираат  70 научни труда  поврзани со  проектирање и  изградба на современите  патишта со примена на  нови технологии на градење.Порачуваат дека клучно е инвестирањето во  создавање стручен инженерски кадар како и негова постојана едукација и усовршување.

 Свето Николовски