ГЕВГЕЛИЈА

Гевгелија - предлог дестинација за викенд

07.11.2019 18:03

Гевгелија е град во југоисточниот дел на Македонија, сместен во Гевгелиско-валандовската Котлина.

Градот  се наоѓа на 156 км оддалеченост од  Скопје и на 70 км од Солун, во соседна Грција. Општината се протега на 486,5 km2. Според пописот од 2002 година, оваа општина брои 22.988 жители.Од вкупно 84 општини во државата , според бројот на жителите, општина Гевгелија се наоѓа на 24-то место. Климатските  погодности овозможуваат  да виреат  средоземните плодови, како што се, смоквите, калинките, маслинките, мандарините и лимоните. Гевгелија е еколошка општина во која доминираат туризмот и производството на храна .Некогаш претставувала  град - крстосница низ кој минувале трговците од Европа,а  денес  Гевгелија е модерна и европска општина. Природните, географските и климатските поволности , како и богатото културно наследство, се одличен предуслов за развој на бањскиот, планинскиот и културниот туризам.Хотелските капацитети  интензивно се зголемуваат, бидејќи е голем бројот на домашните и странските туристи.

Манифестацијата „За тебе љубов моја“,„Гевгелиската музичка пролет, Калинка ,Гевгелија денс,Фолклорен ѓердан, Богатата програма по повод 7 Ноември (Денот на ослободувањето на Гевгелија) и Смоквијадата...се само дел од многубројните  настани и случувања  преку кои се сплотуваат  најталентираните претставници  од Гевгелија и нејзината околина, го привлекуваат интересот на многубројните туристи и добронамерници.Надалеку е познато гостопримството на Гевгелија и гевгеличани  за кое се вели дека е топлина која извира од вековната традиција.

Јасмина Никова