ФУДБАЛ

Светско првенство за играчи до 17 години

07.11.2019 18:05

Бразил и Франција обебзедија четвртфинален мундијалски настап

Фудбалските идни ѕвезди се во Бразил, на Светското првенство за играчи до 17 години. „Кариоките“ ја израдуваа нацијата со победата над Чиле со 3-2, по што Бразил за противник во четвртфиналето го очекува подобриот од дуелот меѓу Еквадор и Италија. Французите беа убедливи против Австралија со 4:0 и се изборија за четвртфинална пресметка со Шпанија која беше поуспешна од Сенегал со 2:1. Од претходно натпревар во фазата на најдобрите осум закажаа Јужна Кореја и Мексико, а Холанѓаните кои ја елиминираа најуспешната нација во оваа возрасна категорија, петкратниот шампион Нигерија, ќе се сретнат со победникот од средбата меѓу Парагвај и Аргентина. Преносот од овој осминафинален мундијалски натпревар е на Првиот канал на Македонската телевизија пет минути пред полноќ.