УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Медиумска и дигитална писменост

08.11.2019 09:15

Наставниците од ООУ „Лазо Ангеловски“ од Скопје учествуваат на прва мобилност на наставници во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ во Хрватска

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow) беше одржана прва мобилност на наставници на крајот од октомври во Загреб, Хрватска. На мобилноста присуствуваат членови од партнер-училиштата од Хрватска, Романија, Шпанија, Србија и од Македонија.

Главните цели на моблиноста беа:

  • воспоставување заеднички концепт на дигиталните училишни весници;
  • планирање на темите за работилниците за медиумска и дигитална писменост;
  • развивање на комптенциите на учесниците за публикација и за едитирање  дигитални училишни весници.

На првиот ден од мобилноста, учесниците го посетија училиштето-координатор „Свети Петар“, Ореховец каде што беше претставен нивниот училиштен дигитален весник Klinček кој постои од 2013 година и во него се објавени 740 написи. За време на преостанатите денови од мобилноста, наставниците присуствуваа на неколку презентации и тоа: „Заштита на детските права во медиумите“, предавање и квиз за познатата новинарка и писателка Марија Јурич Загорка, „Медиумска писменост“, презентација на детско списание Модра Ласта и зедоа учество во неколку работилници и тоа: „Новинарски форми“и „Како да се подготви квалитетна работилница“. Освен презентациите и работилниците поврзани со цели на проектот, беа одржани и состаноци на кои се координираа идните активности на проектот.

 

Подготви

Радмила Гиевска