КУМАНОВО

Се асфалтира влезот на градот

08.11.2019 09:16

Општина Куманово во рамки на проектот за изградба на кружниот тек, го асфалтираше и влезот во градот, соопштија надлежните од одделението за комунални дејности.

...„Асфалтирани се 2.500 метри квадратни од влезот на автопатот Куманово-Белград до кружниот тек и кон мостот над автопатот. Значително ќе се подобрат условите за тековно одвивање на сообраќајот на влезот од Куманово“, изјави помошникот-раководител на одделението за комунални дејности  Момчило Јовановски.

По завршувањето на асфалтирањето и подобрувањето на временските услови, ќе биде поставена сообраќајна и хоризонтална сигнализација. Градежните активности се одвиваа и во ноќните часови, поради послабиот интензитет на сообраќај и поради тоа што во текот на денот веќе извесен период се гради кружен тек, каде што веќе има посебен режим на сообраќај.

Елизабета Кузмановска