СТАРИ ВОДОМЕРИ

Замена на стари водомери

08.11.2019 09:48

Автоматско читање за точни сметки

Во сабота, на дел од територијата на Општина Карпош во Жданец и Трнодол, почнува замената на куќните водомери. Старите водомери  ќе се заменат со нови, вертикални и повеќемлазни со радио модул, а ќе се заменат и старите  хоризонтални водомери со нови хоризонтални, ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

 Со новите водомери, податоците ќе се читаат автоматски, без обврска инкасаторите да влегуваат во домаќинствата на граѓаните. Исто така, водомерите се многу попрецизни од досегашните, кои се застарени и не толку прецизно го читаат протокот на вода. На овој начин, ќе се овозможат поточни сметки за потрошувачката на вода и граѓаните ќе добиваат поквалитетна услуга. Со овој проект се опфаќаат околу 500 домаќинства, а за истиот, преку Министерството за транспорт и врски, е добиен грант од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Замената на стари со нови водомери, во Општина Карпош  а ја спроведува „Техноскоп“ ДООЕЛ Скопје во соработка со ЈП „Водовод и канализација“, информираат од општината.

 

Анита Никушева - Јованчев