За труењето на 13-те деца од градинката “Детска Радост“

Директорката доби кривична

06.11.2013 22:42

Казна во висина од 5.000 евра за градинката „Детска радост“ и 500 евра за директорката ќе биде изречена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство поради непочитување на стандардите и квалитетот на храната во градинката во која 13 деца имаа симптоми на труење...

Казна во висина од 5.000 евра за градинката „Детска радост“ и 500 евра за директорката ќе биде изречена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство поради непочитување на стандардите и квалитетот на храната во градинката во која 13 деца имаа симптоми на труење...

Кривично ќе одговара директорката од градинката “Детска радост“ во скопска Автокоманда за труењето на 13-те деца.. Освен за неа, државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бара судски процец и за градинката како правно лице.. Надлежните соопштија дека направиле целосна дезинфекција на просториите, кујната и играчките.. Градинката работи, кујната останува затворена се до конечните резултати од земените брисеви..

-Извршени се и вонредни прегледи на вработените во централната кујна од вкупно пет лица. Се уште се чекаат и резултатите од вонредните прегледи на вработените и резултатите од контролните брисеви земени по извршената дезинфекција, дезинсекција и дератизација наложени од ДСЗИ, изјави Ѓевѓез Шаќири директор на ДСЗИ

Не е прв пат во оваа градинка да има пропусти во квалитетот на храната.. Министерот Спасов тврди дека и пред една година се забележани пропусти..

-Утврдено е неколку пати непочитување на стандардите и квалитетот на храната во градинката и поради тоа се преземаат вакви строги санкции против одговорните лица и во останатите институции да не се случи повторување на ваква појава, изјави,  Диме Спасов министер за труд и социјална политика

Спасов најави дека градоначалникот на општината Гази Баба ќе преземе мерки и за разрешување на директорката на градинката.. Минатата недела, 13 деца од градинката „Детска радост“ имаа симптоми на труење, пет беа хоспитализирани, а кај три е утврдено присуство на бактеријата салмонела..

Во наредниот период ќе има вонредни контроли на сите детски градинки..

Андријана Атанасовска