Крах на пензискиот систем во Грција?!

04.03.2014 14:26

Синдикатот предупредува-се очекува крах на пензискиот систем поради се поголемата невработеност...

Невработеноста во Грција расте со темпо од 3,5 – 4 отсто на годишно ниво, а до 2026 годинане се предвидува да се намали под 17 отсто.

Ова е оценка на Заедничката конфедерација на трудот-најголемиот синдикат на вработените во приватниот сектор.

Весникот „Елефтеротипија“ пренесува дека пензиите паѓаат поради невработеноста, а следната година нема да има пари во пензиските фондови.

Прогнозите се дека оваа година невработените во Грција се милион и 525 илјади луѓе, што е 30-31%. Бројот на вработени е 3 и пол милиони луѓе. Аналитичарите на грчкиот синдикат сметаат дека бројот на вработените постепено ќе се намали за 1,1 милион луѓе.

 

Соња Стојановска