СОБРАНИЕ

Предлог измени во спортската дејност

07.11.2019 18:25

Решение со кое се обезбедуваат дополнителни средства за тековната 2019 година за натамошен развој на спортот

Пратениците Диме Велковски, Ејуп Алими и Мирослав Јовановиќ до законодавниот дом доставија Предлог на Закон за изменување на Законот за спортот по скратена постапка . Според нив со предложените решенија се обезбедуваат дополнителни финансиски потикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, истовремено  подигнување на спортот на повисоко ниво и остварување на подобри резултати во домашни рамки и на меѓународно ниво.

Аналогно на измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка во делот на даночното намалување, во Законот за спортот се предвидe даночно поттикнување за спортските субјекти со воведување на ваучерскиот систем согласно кој точно се утврдија надлежностите на спортските субјекти и органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, како и самата процедура при издавање на ваучери- сметаат предлагачите.

Во  предлогот се утврдува Националните спортски федерации во рок од 5 дена од денот на влегувањето во сила на законот да  достават предлог - листи на спортски клубови и активни спортисти кои ги исполнуваат критериумите за користење на средствата од даночното ослободување за 2019 година до органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, а органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот во рок од 3 работни дена од денот на доставување на предлог – листите, ќе ги објави на својата веб страница официјалните Листи на Национални спортски федерации, на спортски клубови и на активни спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови и на други правни лица кои имаат решение за вршење на дејност спорт кои ги исполнуваат критериумите за користење на средствата од даночното ослободување согласно овој закон и Законот за данокот на добивка.

Ана Младеновска