На оглас земјиште за инвестиции
Земјоделците кои сакаат да инвестираат во насади или преработувачки капацитети можат да се јават на огласот кој ќе трае до 6-ти декември.

Понудени се скоро 1 450 хектари во 15 општини. Изборот ќе биде по пат на електронско наддавање.
Земјоделците кои освен насади сакаат да подигнат и преработувачки капацитет можат да аплицираат на огласот кој ќе трае до 4 –ти декември годинава. Парцелите кои се нудат се поголеми од 3 хектари и се наоѓаат во 15 општини низ целата држава
Времетраењето на закупот е од 15 до 70 години во зависност од видот на културата која ќе се одгледува. Освен за примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за инвестиции во преработувачки капацитети.
Право да конкурираат имаат сите домашни физички и правни лица и странски правни лица. За земјоделци или за фирми со кои раководи управител на возраст до 40 година, плаќањето на закупнината е со грејс период од три години од склучувањето на договорот за закуп.
Земјиштето ќе се доделува по пат на електронско јавно наддавање.
Годинава се потпишаа 17 вакви договори со вкупна нвестиција од 11 милиони евра кои ќе се вложуваат во следните пет години во изградба на винарници, кланици, мелници, оранжерии и откупни центри.
