Денеска е Св.Димитрија- Митровден
Овој славен и чудотворен светител е роден градот Солун од благородни и благочестиви родители.

Бил син единец,татко му бил војвода солунски, па кога тој починал го поставиле на негово место. Христоборниот цар Максимилијан му препорачал да ги гони христијаните, но тој не само што не го послушал,туку јавно се исповедал и го пропведал Христа во градот
Разгневен царот го фрлил во затвор.Знаејки што го чека Св.Димитрија го предал сиот свој имот на својот верен ученик Лука,да го раздаде на сиромасите.Во затворот му се јавил ангел Божји и му рекол,,Мир на тебе страдалнику Христов,биди храбар,,.По наредба на царот, Св.Димитрија во затворот бил избоден со копја и убиен.Христијаните тајно го зеле неговото тело и го погребале,а од неговото тело потекло исцелително миро,од кое многумина се излечиле.Наскоро над моштите била подигната мала црква,а потоа и многу поголема.
Моштите на Св. Димитрија се во Солун,каде многупати се јавувал и го спасил градот од големи невољи.
