КЛИНИКИ

Нови директори на неколку клиники

08.11.2019 11:45

Министерството за здравство информира дека по објавените јавни конкурси за именување директори во јавни здравствени установи, се назначени нови директори во следните две установи:

- Универзитетска клиника за Детски болести, на местото на досегашниот директор-Катарина Ставриќ, за нов медицински директор се именува - Наташа Најдановска-Алулоска.

- Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија, на местото на досегашниот директор, Славе Наумовски, за нов медицински директор се именува - Даница Поповиќ-Моневска.

Во останатите јавни здравствени установи, кои беа опфатени со овој конкурс, за директори се именувани досегашните вршители на должност.

Исто така, за в.д. директори се именувани:

- Насер Муареми, в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника по кардиологија

- Џемиле Јусуфи, в.д. медицински директор во ЈЗУ Универзитетски институт по клиничка биохемија,  соопштуваат од Министерството за здравство.

С.С.