ДЕЛЧЕВО

Најмалите учат како да се гриќат за животната средина

08.11.2019 12:17

Општина Делчево во соработка со ПСД „Голак“ и планинарскиот водич, Љупчо Чучуковски, ја започна едукативната кампања „Играме и учиме за природата“ која ги учи најмладите преку игра како да се грижат за природата и да создаваат чиста животна средина.

Кампањата е во согласнот со Програмата за управување со отпад на Општина Делчево која опфаќа едукација и запознавање на децата од предучилишна и училишна возраст со улогата на поединецот и неговиот придонес во грижата за чиста животна средина. Првата активност беше со децата од детската градинка „Весели цветови“ кои  на часо во природа во градскиот парк и се запознаа со основите на планинарењето, на правилното движење во природата, со посебен акцент како да се грижат за природата и да ја одржуваат чиста и не загадена. Во активноста беа вклучени 60 деца на возраст од 5 до 6 години, додека децата од 3-5 –годишна возраст во дворот од градинката низ игра во природата учеа за заштитата на природата и за придобивките од чистиот воздух, како дел од глобаланата светска кампања ,,OUTDOOR CLASSROOM DAY“ и светскиот ден 7 Ноември посветен на учење на отворено . Мината година во оваа активност учествувале над 3.5 милиони деца, а во ова семејство се вклучени и дечињата од делчевската детска градинка. Активноста во организација на Општина Делчево посветена на грижата за природата ќе продолжи и во сите образовни институции во Делчево.