КИНА

Во Кина се гради комплекс од кули со прстен на врвот по урнек на оние од Господарот на прстените

08.11.2019 13:41

Комплексот што се гради во Кина, вреден повеќе од два милиони долари е сочинет од три небодери високи по 107 метри, а на врвот ги спојува ходник во вид на прстен , сличен како оној на мрачната кула од „Господарот на прстените“.

Овој роман е најпродаван не само на запад , туку и во далечниот исток. Трилогијата од која се создадоа познатите филски хитови се покажала како многу популарна во Кина, до толку што биле инспирација за трите кули по замислата на Толкин. Комплексот есе гради во Чонгкинг, во југозападниот дел на КИна. Архитектонскиот потфат е наречен ,,Господарот на прстените, во чест на измислениот свет кој го создал Толкин. Во Кина е преведен како ,,Трилогија на магичниот прстен“. Горниот дел, кој служи за панорамско набљудување тежи 2060 тони и виси на 99,8 метри. Го придржуваат трите кули. За конструкцијата е задолжена државната фирма- Кинеска МЦЦ5 група.

С.С.