ХЕРА

Родителите согласни за воведување сексуално образование во училиштата-истражување на ХЕРА

08.11.2019 14:25

Во јули, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување спровела телефонско истражување за ставовите и мислењата на родителите за воведување наставни содржини за сексуално образование.

Анкетата била спроведена на примерок од 800 родители/старатели. Согласно препораките на УНЕСКО, моделот на сеопфатно сексуално образование ги вклучува следниве  теми кои треба да бидат изучувани во образовниот систем и  адаптирани на возраста и потребите на децата:  Род, врски и односи, тело и слика за своето тело, сексуално и репродуктивно здравје, сексуалност, насилство и  граѓански аспекти.

Исклучително висок процент од родителите, кој се движи меѓу 82% и 96%, се согласиле  младите да изучуваат теми кои се дел од сеопфатното сексуално образование. Најголема согласност (95%) постои за теми поврзана со заштита од насилство врз жените, сексуалното насилство и насилството на социјалните мрежи ,  потоа за услуги и медицинска помош при ризик од сексуално преносливи инфекции и ХИВ, за заштита од несакана бременост, за механизми за заштита на сексуални и репродуктивни права, промени во пубертетот. Иако е со висок процент (82%), сепак најмала согласност од понудените теми родителите покажуваат за значењето и давање на согласност на партнерот/ката при влегување во сексуален однос, особено за првиот.