Поддршка по 2 денари за килограм за грозјето со ниска откупна цена
Министерството за земјоделство најави дека ќе и предложи на Владата наместо еден денар како лани, земјоделците да добијат по 2 денари за секој килограм предадено винско грозје од сортите Смедеревка, Вранец, Кратошија и Станушина...
Лозарите во исчекување на дополнителната субвенција за предаденото винско грозје.
Министерството за земјоделство најави дека ќе и предложи на Владата наместо еден денар како лани, земјоделците да добијат по 2 денари за секој килограм предадено винско грозје од сортите Смедеревка, Вранец, Кратошија и Станушина, односно ќе се интервенира само кај грозјето со ниска откупна цена од 10 – 12 денари за килограм.
Според најавите од министерството, за оваа мерка би требало да се расправа на наредната владина седница.
Методија Трајков
