Утре средба Пендаровски- Макрон

11.11.2019 10:16

Претседателот Пендаровски ќе учествува на состанокот на Парискиот мировен договор. Утре ќе има средба со францускиот претседател Емаунел Макрон, директно да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање...

Претседателот Пендаровски е во Франција. Ќе учествува на состанокот на Парискиот мировен договор. Утре ќе има средба со францускиот претседател Емаунел Макрон, директно да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.

Шефот на државата најави дека ќе ја повтори позицијата дека земјава нема алтернатива и ќе продолжи по патот евроинтеграцијата, според сегашната или по новата методологија и дека реформите не ги правиме за европските бирократи, туку за нашите граѓани и промената на името не е единствен наш адут.

Очекува во наредниот период да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит.