Победа на социјалистите во Шпанија
Социјалистите на премиерот Санчез освоиле околу 122 места во Долниот дом на Парламентот, додека конзервативната опозициска Народна партија 87 пратенички мандати.
Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека по речиси 99 насто преброени гласови социјалистите победија на вонредните парламентарни избори во Шпанија.
Социјалистите на премиерот Санчез освоиле околу 122 места во Долниот дом на Парламентот, додека конзервативната опозициска Народна партија 87 пратенички мандати.
Десничарската партија „Вокс“ го зазеде третото место со освоени 52 места, што е за 23 повеќе отколку на изборите одржани на 28-ми април. Излезноста на изборите беше околу 70 насто.
Според резултатите ниту една партија нема доволно пратеници за формирање владејачко мнозинство, што значи дека ќе дојде до преговарачки процес меѓу партиите за формирање влада.
