Отворено писмо: ЕУ да ја исправи направената стратешка грешка
Поранешни министри за надворешни работи преку отворено писмо побараа Европската унија да ја исправи грешката за неодредување датум за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија...

Десет поранешни министри за надворешни работи, меѓу кои и екс- шефовите на дипломатиите на Земјава и на Грција, Никола Поповски и Никос Коѕијас, преку отворено писмо побараа Европската унија да ја исправи грешката за неодредување датум за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија.
Предупредија дека тоа го поткопува авторитетот и кредибилитетот на блокот. Писмото го објави грчкиот весник „Та Неа“.
Меѓудругото, во него е наведено дека должност на Европската унија е да придонесе во стабилноста и безбедноста на регионот, па затоа, интеграцијата на Западен Балкан треба да ја сфати како елемент на одговорна политика, а не како товар.
