Против Летонија со поинаков приод, кој ќе не краси во иднина

04.03.2014 14:43

Нов циклус, нов почеток, нов селектор, нова надеж. Со утрешниот пријателски натпревар против Летонија, фудбалската репрезентација на Македонија ги почнува подготовките за циклусот квалификации за Европското првенство во Франција 2016 година. Иако имаа само два дена за запознавање, селекторот Бошко Ѓуровски верува дека нашите фудбалери ќе покажат една поинаква игра од досегашната, која ќе не краси во претстојните квалификации.

Небитно е кој ќе ја носи капитенската лента против Летонија, многу поважно е спроведување на замислите на селекторот. За тоа се потребни квалитетни фудбалери кои истовремено се и личности со карактер, а типичен пример се Тричковски и Ибраими, кои изминатиот викенд беа стрелци за своите клубови. Покрај исполнувањето на обврските на теренот, со особена почит репрезентативците се насочуваат кон јавноста. Тие бараат разбирање и поддршка од публиката, особено на домашните натпревари, затоа што постоењето на синтеза меѓу фудбалерите и публиката е еден од клучните предуслови за успех. Натпреварот Македонија – Летонија се игра утревечер на “Филип 2 арена“ со почеток од 19 часот, и со пренос на МРТ 1.