Изложба „Камените мостови од Македонија“ на Новица Трајковски
Сликарството на Трајковски е посветено на божествената љубов бидејќи сето она што не опкружува, вклучително и луѓето се дел од неа. Во многу слики првично ја перцепираме препознатливата форма на мостот, но мостови не се само оние видливи за нашето око, кои претставуваат премин од едно до друго место.

Во Центарот за култура „Бели мугри“ на 15-ти ноември ќе биде отворена самостојната изложба „Камените мостови од Македонија“ дел од сликарскиот циклус „Убава е Македонија“ на академскиот сликар Новица Трајковски.
Сликарството на Трајковски е посветено на божествената љубов бидејќи сето она што не опкружува, вклучително и луѓето се дел од неа. Во многу слики првично ја перцепираме препознатливата форма на мостот, но мостови не се само оние видливи за нашето око, кои претставуваат премин од едно до друго место.
Постојат премини невидливи за окото, но видливи за другите сетила. Љубовта е преминот што не поврзува и која не сплотува и која е идејата водилка на сликарството на Новица Трајковски.
Трајковски, средно уметничко училиште завршува во Скопје, а ликовна академија во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Има над 50 самостојни изложби и многу групни изложби во земјава и надвор од неа.
Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
