Градежништвото значајно влијае врз растот на економијата

04.03.2014 14:46

Овој раст не е случаен и дека е поттикнат од низа мерки и активности и потези што ги прави и приватниот сектор и Владата во насока на поддршка на градежната активност...

Градежништвото минататата година оствари раст од 33 % и имаше значајна улога во растот на економијата во целост. За годинава од Буџетот се предвидени 365 милиони евра за реализација на инфраструктурни проекти, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески прогласувајќи го за отворен 11-от Меѓународен сам на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и на 4-от Саем на недвижности и инвестиции - RealExpo.

Овој раст не е случаен и дека е поттикнат од низа мерки и активности и потези што ги прави и приватниот сектор и Владата во насока на поддршка на градежната активност.

Ставрески нагласи дека со силната поддршка од Владата, градежниот сектор и во наредниот период ќе има добри резултати.