Поскапуваат горивата

11.11.2019 13:40

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 68,5 денари, а 70,5 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 62 денара, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,5 денари

Бензинот Еуросупер БС- 95 поскапува за денар, а Еуросупер БС- 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 68,5 денари, а 70,5 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 62 денара, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,5 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,206 денари за килограм и изнесува 33,340 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,93 проценти.