Домашните миленичиња го подобруваат квалитетот на животот на деца со посебни потреби

11.11.2019 13:54

Животните како кучиња мачки и коњи значително го олеснуваат го унапредуваат животот на децата со пречки во развојот. Самата присутност на миленичето, допирите на наеговото крзно, во моментот им даваат чувство на мир, опуштеност и сигурност.

За ова се правени бројни студии кои ја докажале благотворноста од дружењето на децата со животните.  Тоа може да биде аутизам, оштетување на слухот, на видот, проблеми со говорот, ментална заостанатост, дијабетес, астма, епилепсија.

Додека се со миленичињата децата со пречки во развојот повеќе разговараат и уживаат и се свесни за своето опкружување, отколку кога си играат со играчки. Покрај тоа миленичињата   будат емпатија кај овие деца за други животни и за луѓе. Најчесто во терапевтски сврхи се бираат кучиња водичи, кои се како ангели чувари за децата со тешки оштетувања на видот или слухот. Тие им помагаат на децата со епилепсија или дијабетес. Придонесуваат за нивната сигурност и мобилност. Кучињата  им помагаат на слепите и глувите деца за успешно преминување преку улица. Животното внимава детето да ја совлада секоја препрека. Кучињата дури можат да спасат деца што  месечарат  за да не паднат или не се повредат. Кучињата дословно може да им го спасат животот на децата со пречки во развојот. Тие имаат изострени сетила и инстикт, а  може  да имаат и претчувство за претстоен епилептичен напад. Кучето може да ги предупреди родителите или да послужи како подлога при падот за детето да не се повреди. Кучињата може да го намирисаат и падот на шеќерот во крвта кај деца дијабетичари и така да спречат фатални последици. Може и да ги потсетата возрасните кога е време да се земе лек.  Кучињата го снижуваат и нивото на  кортизолот при стрес кај децата. Истражувањата покажале дека кај децата со аутизам нивото на кортизол наутро при будење во присуство на куче  се снижило од 58% на 10%. Им помагаат на дечињата да се опуштат и да го намалат нивното чувство на тескоба, страв и раздразливост.

Го подобруваат расположението и будат добри и позитивни емоции, како радост, љубов, емпатија или сочувствување.  Се снижува високиот притисок и се намалува бројот на отчукувањето на срцето.  Ја зголемуваат самодовербата и чувството за одговорноста кај децата. Животните ја подобруваат социјалната вештина кај децата со тешкотии во развојот така што одговараат на нивните барања. Додека кучето внимателно слуша а детето чита се ослободува од страв, срам  и стрес при читање на глас. Кучето останува со дететото без разлика што друго се случува, никогаш нема да го остави и секогаш ќе му биде поддршка. Особено кучињата имаа безусловна љубов кон децата, а приврзаноста меѓу детето и животното му даваа поголема мотивација за игра учење и други активности.  Иако за терапија најчесто се бираат кучиња, децата со потешкотии од аутистичниот спектар може многу добро да се поврзат и со мачите и зајачињата. Тие животни многу им помагаат за развивање на социјалните и комуникациските вештини. Во една студија во која биле вклучени 70 родители на деца од 8 до 18 години со аутизам, се наведува дека децата со домашни мкиленичиња се по самоуверени, подобро комуницираат и полесно поставуваат прашања. Но за децата кои имаат поголеми сензорни проблеми и се многу осетливи на лавеж и на мириси, кучето не е најдобро решение. За нив се подобри мачките. Секогаш треба да се внимава при изборот на животни  што му одговара на детето со специфични  потреби.  

За некои деца со повреди  во мозокот, сензорни проблеми, тешкотии при учењето, аутизам, хипотерпијата или јавање коњи се покажала како многу ефикасна. Освен што учат правилно држење, тие воедно стекнуваат чувство за контрола и самодоверба. Јавањето дополнително ја подобрува дисциплината. Самото допирање и четкање на коњот може да го смири детето.

Дружењето со животни освен што има ефекти кај децата со потешкотии во развојот, е научно потврдено, исто така  им олеснува на родителите  во одгледувањето и грижата за нивните деца.

Соња Стојановска