Потребно е функционално дуално образование
Стопанската комора поднесува иницијатива за итно донесување на Законот за стручно образование и обука. Бараат кариерно советување и упатување на учениците на здравствени прегледи кои ги опфаќа медицина на трудот...
Стопанската комора поднесува иницијатива за итно донесување на измените или изготвување на нов Закон за стручно образование до крајот на годината. Бараат да се имплементира сѐ што е добра практика. Од компаниите велат потребни се кариерно советување и здравствени прегледи за учениците кои ги опфаќа медицината на трудот.
И во образовните институции треба да се воведат сите облици на безбедност и здравје при работа, вели директорот на средното стручно училиште „владо тасевски“ .
Сѐ уште постои неусогласеност меѓу она што се бара и она што се нуди на пазарот на труд, а тоа се рефлектира на целокупната економија, посочуваат од стопанската комора. Последната анализа покажува дека 63 насто од компаниите се соочуваат со недостиг на стручен кадар.
Законските пречки мора да се отстранат ако сакаме да имаме квалитетно и функционално дуално образование, велат од комората.
Сунчица Николоска
