УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

„Приказна за инструментите“

12.11.2019 09:49

Приказна за четири прекрасни принцези кои претставуваат по еден инструмент - нејзиното височество флејтата, виолината, виолончелото и нејзиното височество кралицата пијано.

На 05.11.2019 година во ООУ„Рајко Жинзифов“ во Скопје се реализира проектот „ПРИКАЗНА ЗА ИНСТРУМЕНТИТЕ“ чијшто организатор е здружението на музички педагози „ПОЛИХИМНИА“од Скопје,  а кој со голем интерес  го проследија учениците од 3 и 4 одд.

Проектот има за цел да ги  запознае и да ги приближи младите генерации до богатството и до убавината на класичната музика, да изврши едукација за музичките инструменти, за нивната примена, начинот на произведување на тонот, за примената на инструментите во секојдневието на човекот, да се развие љубов за изучување на класичните инструменти и да станат  квалитетни слушатели  и публика.

ПРИКАЗНАТА ЗА ИНСТРУМЕНТИТЕ“ е приказна за четири прекрасни принцези коишто претставуваат по еден инструмент - нејзиното височество флејтата, виолината, виолончелото и нејзиното височество кралицата пијано. Секоја од нив изведува убави и нежни, меки  и топли тонови, разлевајќи ја мелодијата низ просторот како магија. По кратката мелодија на секоја од нив следи приказна за настанокот на секој инструмент, неговиот развој во текот на годините и примената во денешната музика, за на крајот сите инструменти заедно да музицираат.

Секој ученик имаше можност да го допре инструментот и да се обиде да произведе тон. Учениците имаа прекрасно дружење со инструментите, а за прекрасната дружба се потрудија одговорните наставници: Елена Стојановска, Весна Стевановска и  Билјана Илиева .

 

Подготви

Радмила Гиевска